Славниот мотивациски говорник и борец за права на лицата со инвалидитет, Ник Вујичиќ, станa татко на близнаци. Ник добил ќеркички – Оливија Меј и Ели Лаурел.
Тој шест години е во брак со Канае Мијахра, со која живее во Калифорнија. Во 2013 година го добија синот Кијоши Џејмс, а две години подоцна и Дејан Леви.
Вујичиќ е роден со ретко тетра-амелија пореметување. Тој нема раце, а наместо нозе има мали стопала. Вклучен е во многу хуманитарни акции собирајќи средства за програми кои им помагаат на луѓе со инвалидитет и ширум светот држи предавања за своите проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.