| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт е бремена со близнаци, Британците заработуваат на полот

Откако беше и официјално објавено дека сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон е бремена, Британците почнаа да се обложуваат за тоа – дали бебето ќе биде машко или женско.

Ситуацијата дополнително ја искомплицира фактот што војвотката Кејт носи близнаци. Тоа значи – нови коефициенти за обложување во рамки на Обединетото Кралство.

Во Западна Европа е вообичаено кралските семејства да имаат по три или и повеќе деца. Самата кралица Елизабета Втора има четири деца – Чарлс, Ана, Едвард и Ендрју. Се проценува и дека доколку не се случеше драмата со принцезата Дијана, таа со Чарлс ќе имаа барем уште едно дете.

Војвотката Кејт има помала сестра и помал брат – Пипа и Џејмс Мидлтон.

Еден брз поглед кон останатите европски семејства „со сина крв“, на пример – шпанското, шведското и монаканското, покажува дека и таму, три и повеќе деца се сосем нормална работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top