Зачнувањето на близнаци е нешто што голем број двојки го посакуваат, но шансите за да се случи тоа на природен начин се навистина мали, околу 3%. Сепак, постојат некои работи кои можете да ги направите за да го зголемите овој процент и да ги подобрите шансите за добивање на близнаци.
Постојат голем број фактори кои играат важна улога, како што се: исхраната, генетската предиспозиција и целокупниот начин на живот.
Можете да ги зголемите шансите со следење на овие едноставни чекори. Но, прво дознајте какви се вашите шанси во моментот.
Прво, треба да бидете свесни дека секоја просечна жена има околу 3% шанси за природно зачнување на близнаци. Но, постојат одредени фактори кои сепак треба да се земат во предвид:
-Ако имате близнаци во семејството, особено од страната на мајката – вашите шанси се зголемуваат.
-Се верува дека жените со африканско потекло имаат најголеми шанси за добивање на близнаци, на второ место се Европејците, додека Азијците имаат најмали шанси
-Вискоките луѓе, негуваните па дури и малку со прекумерна тежина – имаат подобри шанси.
-Ако сте биле бремени претходно, вашите шанси се малку повисоки, па така близнаците доаѓаат како втора или трета бременост.
-Постарите жени потешко забременуваат, но ако се случи тоа, имаат поголеми шанси да забременат со близнаци. Ако жената забремени после 40-та, шансите се повисоки за 7%, а по 45-та шансите се зголемуваат на 17%. Исто така, вистина е дека постарите жени обично забременуваат со вештачко оплодување, па така веројатноста дека ќе родат близнаци драстично се зголемува.
СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГИ ЗГОЛЕМИТЕ ВАШИТЕ ШАНСИ, ЕВЕ КАКО ДО БЛИЗНАЦИ
Консумирајте многу витамини
Луѓето на кои им недостигаат есенцијални витамини и хранливи материи имаат помали шанси за зачнување близнаци. Треба да се обрне посебно внимание на сите витамини, но кога станува збор за бременост, фолната киселина е најважниот додаток.
Овој суплемент е добар за секоја жена за време на бременоста, но не треба да изнесува повеќе од 1.000 mg на ден. Треба да ги внесувате сите соодветни хранливи материи и да јадете одредени видови намирници за да ги зголемите вашите шанси
Ако не се храните добро, вашите шанси за зачнување на близнаци ќе се намалат значително. Ако сте добро хранети и дури имате и малку прекумерна тежина, ќе ги зголемите вашите шанси. Треба да зборувате со вашиот доктор на оваа тема, односно како на здрав начин да ја зголемите вашата телесна тежина но да останете здрави и во добра форма.
Јадете повеќе млечни производи и компир
Некои култури веруваат дека јадењето на овој вид на храна може да ги зголеми шансите за близнаци. Според една студија спроведена од специјалисти за плодност, млечните производи значително можат да помогнат во вашите напори да зачнете близнаци. Жените со ваква исхрана имаат 5 пати поголеми шанси.
Според некои други студии, консумирањето на кравјо млеко третирано со rBGH хормони, почесто предизвикува бременост со близнаци.
Едно африканско племе имало исхрана богата со див компир. Кај нив било забележано зголемување на бременост со близнаци за 4 пати повеќе од глобалниот просек. Се верува дека одредени хранливи материи во овој зеленчук имаат способност да стимулираат производството на повеќе јајце-клетки за време на овулацијата.
Иако овој факт не е научно докажан и многу лекари се скептични, сепак, компирот не може да направи никаква штета и впрочем, многу е вкусен.
Секогаш консултирајте се со вашиот гинеколог и лекар пред да се обидете со било какви алтернативни методи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Ова се првите фотографии на близнаците на Енрике Иглесијас и Ана Курникова
-
Лекар од Мексико тврди: Човекот со најголем пенис лаже, кожата му е до колена