Белгиската параолимпијка и светска шампионка Мариеке Вервурт веќе не може да ги трпи болките и да се мачи, па затоа потпиша документи за еутаназија.
-Станува претешко. Се повеќе сум во депресија. Не сакам веќе да се мачам. Сега го губам и видот-, објаснува Вервурт, која има 38 години и ја претставувала Белгија на параолимписките игри, а може да се пофали и со златен медал од Светско првенство во спринт.
Пога имала само 16 години, Вервурт заболела од ретка дегенеративна болест. Почнале да и откажуваат органите, заврши во инвалидска количка, но не ја губеше надежта за живот. Играше кошарка, а потоа се префрли на триатлон.
Болеста ја предупредуваше дека мора да се откаже од триатлон, па се префрли на атлетика. Сепак, здравствената состојба се повеќе и се влошуваше. Не може да заспие, а лековите не и помагаат. По трката на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро, објави дека е подготвена за еутаназија.
-Неурологот помина цела вечер со мене, додека јас имав еден по друг напад, констактно. Ми рекоа дека тоа веќе не се епилептични напади, туку дека телото ми е во такви болки што ми доаѓа да вриштам. Не можам повеќе – рече Белгијката во разговор за британски „Телеграф“.
Вервурт сега доби дозвола за примање на смртоносната инјекција. Ќе ги помине божиќните празници во својот дом, а потоа засекогаш ќе си замине.Таа посака родителите да не присуствуваат на еутаназијата, која во Белгија е дозволена од 2003 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.