| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија: Еутаназија и за тие кои не се болни

eutan

Холандската Влада планира да предложи закон со кој на повозрасните лица, кои не се болни, да имаат законско право на самоубиство со асистенција, ако оценат дека го проживеале животот.

– Луѓето кои по длабоко промислување веруваат дека го проживеале својот живот, треба да се овозможи по строги услови да го завршат животот на достоинствен начин што ќе го изберат, се наведува во заедничкото писмо на холандскиот министер за здраство и за правда упатено синоќа до Парламентот.

Но, министрите не ја прецизираат староста на луѓето на кои би се однесувал законот.

Холандија и Белгија се првите земји во кои еутаназијата е легализирана од 2002 година, но само во случај на тешко болни пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top