| четврток, 6 декември 2018 |

Четиринаесетгодишно девојче бара еутаназија

Валентина Мореира боледува од цистична фиброза, наследна болест која примарно предизвикува сериозно оштетување на белите дробови и дигестивниот систем, пренесува „Ен-би-си“

170595649554f46d751e2cf067246476_orig

Молбата на 14-годишното девојче од Чиле кое бара да ѝ биде извршена еутаназија го потресе целиот свет.

Валентина Мореира боледува од цистична фиброза, наследна болест која примарно предизвикува сериозно оштетување на белите дробови и дигестивниот систем, пренесува „Ен-би-си“.

Поголемиот дел од лицата кои патат од ова заболување живеат до 30-та година, иако во последно време има и случаи на луѓе кои живеат и до четириесет години.

Оваа болест бара секојдневна нега, предизвикува инфекции и оштетување на ткивото, што го отежнува дишењето.

Валентина, чиј брат почина од последиците од истата болест кога имал шест години, ја запраша по пат на снимка на „јутјуб“ претседателката на Чиле Мишел Башаче да и дозволи вбризгување на смртоносната инјекција, со оглед дека еутаназијата не е легална во Чиле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top