Два случаи на граѓани нападнати од кучиња во Скопје се регистрирани од полицијата во текот на вчерашниот ден. Во Полициска станица Центар, С.С. (54) од Скопје, вчера пријавила дека претходниот ден околу 14.30 часот на ул. Јужен Булевар била нападната од куче скитник, кое ја каснало во пределот на левата надколеница.
На 21.12.2017 година околу 17.40 часот на ул. Тиранска, С.Ѓ. (49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан по телото, поточно стомакот, нозете и раката. По нападот С.Ѓ. добил медицинска помош во Ургентен центар-Скопје.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.