Нов скандал со млеко за бебиња на францускииот гигант за млечна индустрија „Лакталис“. Вторпат месецов од пазарот отстранети се милиони производи во светот.
Како и минатата седница, производите за бебе се повлечени кога се покажало дека се заразени со салмонела.
„Лакталис“ преку соопштение им се извини на потрошувачите и наведе дека истрагата потврдила дека заразата започнала по реновирање изведено на почетокот годинава во фабриката во Краон, на западот на Франција, како и дека производството на млеко во фабриката е стопирано.
Портпаролот на „Лакталис“, Мишел Налет, рече дека новото повлекување на производи од пазарот опфаќа околу 30 земји, но не наведе за кои држави се работи.
Агенцијата потсетува дека на листата што претходно месецов ја објавија француските власти, меѓу другите земји, се и Велика Британија, Грција, Кина, Пакистан, Бангладеш, Саудиска Арабија, Мароко, Судан, Перу и Колумбија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Дали вашето тело не поднесува млечни производи: Не би ги препознале овие 7 симптоми