В петок, во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје е закажана премиерата на претставата „Лет на кукавичјото гнездо“ во режија на Ристо Алексовски. Автор на текстот е Дејл Васерман и Кен Киси. Преводот е на Марија Димовска, сценографијата и костимографијата е на Ѓорѓе Јовановиќ. Музиката ја напиша Милан Димушевски, а Емилија Спасова е асистент на режија.
Во претставата играат Сашо Тасевски, Емилија Мичевска, Соња Стамболџиоска Благој Чоревски, Диме Илиев, Златко Митрески, Ѓорги Тодоровски, Ненад Нацев, Игор Ангелов, Предраг Палловски, Игор Георгиев, Мелита Софрониоска, Александра Палова.
„Добре дојдовте… овде во ова наше мало одделение ќе можете да го видите најлудиот карневал што некогаш поминал низ вашиот град, само за вас, Човекот бомба и неговиот другар, кој продава непотребни работи и гледа нешта што никој не може да ги види. Само за ваше задоволство, една жена со брада која, всушност, и не е баш жена и нема баш брада ама со сигурност гледа на дланка, младо дете кое не сака да брка женски ама затоа има еден прекрасен однос со неговата прекрасна мајка (можеби не звучи толку забавно, но овој младич чекајте да видите како ќе отвори)… овде, само за вас, две пријатни индивидуи кои ќе се грижат за вашата сигурност и кои обожаваат да чистат, да се закачат и на некаков начин да одржуваат некаков ред потпомогнати од една слатка млада дама која сака да запишува сè и што се кажало, а богами, и што секој од вас има направено. За нештата да бидат симпатични ќе се погрижат две млади дами кои се задолжени секоја забава да ја зачинат до врескање. За вашето општо здравје имаме обезбедено лекар со длабоко и интимно познавање на фармакологијата и иновативните /никогаш нефункционални/ методи за терапија. Целото ова го зачинуваме со најголемиот Индијанец што некогаш сте го виделе и неговиот комбајн што меле сè пред себе… и тоа не ви е доста… е, па тогаш, дами и господа, што ќе кажете ако ви кажам дека тука некаде има една сестра која никогаш не спие, и ве чека со еден мал апарат, ама каков апарат, апарат во кој се комбинирани најдобрите карактеристики на апчето за смирување и на електричниот стол, тоа модерно чудо е толку добро што една средба со него и вие сте веќе друг човек. И се разбира, не на последно место, еден фин господин кој ќе ве избриче на суво, фина индивидуа/карикатура полна со себе малку налик на петел, ама не каков и да е петел, ова ви е петел-шампион. Уште не ми верувате, дојдете и видете, местово е права Лудница. И сите ние сме луди, луди, ние како сме луди… така…“ велат од Управата на Драмски театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Во понеделник комеморација за Горан Стефановски во Драмски театар
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)