Американскиот Стејт департмент во годишниот извештај оцени дека Македонија повторно е на највисокото, прво ниво во борба против трговијата со луѓе.
– Ова највисоко рангирање ја покажува заложбата на Владата на Република Македонија во борбата против овој ужасен криминал, со што се истакнува во однос на другите земји во регионот. Рангирањето, исто така, покажува што може да се постигне кога постојните закони и процедури се спроведуваат во целости на правилен начин. САД се задоволни што ја имаат Македонија како партнер во кампањата за спречување н трговија со луѓе и се надеваме на понатамошна соработка за ова и за други прашања од витално значење за владеењето на правото – стои во соопштението од американската амбасада во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.