| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Босна: Миодраг ја убил мајка си во пресрет на куќната слава, па си пресудил

40- годишниот Миодраг Лубура синоќа ја убил својата мајка, 75- годишна Славка во нивниот дом во местото Љесковац во источна Босна и Херцеговина, а потоа извршил самоубиство. Убиството и самоубиството биле извршени со огнено оружје.

Како што пишуваат локалните медиуми, денес семејството требало да ја прослави куќната славата Св. Никола. Соседите велат дека во семејниот дом живееле само мајката и синот.

– Беа финансиски стабилни, нормални луѓе, добри соседи. Во шок сме, рекол еден од соседите.

Според неофицијални информации, Миодраг контактирал роднина од Австралија откако ја убил мајка си и му кажал дека ќе изврши самоубиство.

Роднината веднаш пријавил во полиција, по што екипи излегле на терен, но веќе било доцна. Полицајците ги нашле безживотните тела на синот и мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top