40- годишниот Миодраг Лубура синоќа ја убил својата мајка, 75- годишна Славка во нивниот дом во местото Љесковац во источна Босна и Херцеговина, а потоа извршил самоубиство. Убиството и самоубиството биле извршени со огнено оружје.
Како што пишуваат локалните медиуми, денес семејството требало да ја прослави куќната славата Св. Никола. Соседите велат дека во семејниот дом живееле само мајката и синот.
– Беа финансиски стабилни, нормални луѓе, добри соседи. Во шок сме, рекол еден од соседите.
Според неофицијални информации, Миодраг контактирал роднина од Австралија откако ја убил мајка си и му кажал дека ќе изврши самоубиство.
Роднината веднаш пријавил во полиција, по што екипи излегле на терен, но веќе било доцна. Полицајците ги нашле безживотните тела на синот и мајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка