| четврток, 6 декември 2018 |

Воинот Гатузо не можел да поверува што гледа во соблекувалната по поразот од Верона па си поднел оставка!

Медиумите од Италија вечерва пренесоа дека Џенаро Гатузо си поднел оставка по срамниот пораз на Бентегоди, но бил предомислен од првиот човек Марко Фасоне.

„Росонерите“ беа понижени во неделата на гостувањето кај Верона каде загубија со 3-0, па Милан ја откажа божиќната прослава која требаше да се организира вечерва и од утре тимот заминува во карантин на неопределено време.

Според новинарот на Медиасет, Гуљелмо Мастројани, оваа одлука дошла само откако Џенаро Гатузо ги известил лидерите дека поднесува оставка.

Италијанецот, кој е познат по својот темперамент, не можел да поверува што гледа во соблекувалната и на патот кон Милано, односно колку играчите биле опуштени и како во тимот владеела релаксирана атмосфера

Сепак, првиот човек на Милан, Марко Фасоне го предомислил стратегот, го убедил да остане и заедно договориле целиот состав да замине во „ритиро“.

Но ваквата сторија веднаш беше отфрлена од ПР службата на „Росонерите“. Човекот кој е задолжен за односите со јавноста на Твитер напиша дека Рино во ниту еден момент не помислил на оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top