Милан ја совлада Болоња со 2:1 и му ја донесе дебитантската победа на Џенаро Гатузо како тренер на италијанскиот великан кој и сезонава не започна најдобро во Серија А.
Бонавентура донесе предност за домаќините на „Сан Сиро“, но Верди не дозволи позитива за Милан на полувреме. Решавачкиот момент се случи во 76. минута кога Бонавентура на аситенција на Борини го постигна својот втор гол, поставувајќи ги конечните 2:1 за „росонерите“.
Покрај тоа што е прва победа за Гатузо, ова беше и прв триумф за Милан на својот стадион од септември, а беше прекината и долгата серија без постигнат гол на „Сан Сиро“. Со овие три бодови, Милан има шеснаесет помалку од градскиот ривал Интер, кој е и лидер во Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.