Младинското драмско студио „Театар Чин 4 Сцена 5“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечерва во 20 часот премиерно ќе ја прикаже претставата „Како да се ограби банка“ од Семи Фејд, во превод и адаптација на Коле Ангеловски. Претставата е во режија на Гоце Трајкоски, а во неа играат Дарко Карбески, Виктор Мирчески, Валентин Мирчевски, Теодора Тарајческа, Лина Димоска, Наталија Ристеска и Давид Папазоски.
Во „Како да се ограби банка“ низ комични моменти е прикажан животот на членовите на фамилијата Кепече, кои одлучуваат да стават крај на нивната сиромаштија и решаваат да ограбат банка.
– Ова е приказна на контрасти меѓу богатството на едниот свет и мизеријата на оние кои по сопствен избор или по избор на судбината останале да живеат во сиромаштија – велат од МДС, кое досега има реализирано 30 претстави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Аждер“-нова премиера во битолскиот народен театар
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Премиера на филмот „Ема“ на 3 ноември: Прв македонски филм снимен од тинејџери за тинејџери
-
МНТ со претставата „Кец на десетка“ гостува на „Денови на комедија“ во Куманово