| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на романот „Унтрештад“ во Градската библиотека

Романот „Унтерштад“ од хрватската писателка Ивана Шојат – Кучи е потресна приказна за животот на четири генерации на жени од една осјечка фамилија, со потекло од Германија. Приказната започнува со животната криза и непријатностите кои ги доживува последната жена од таа фамилија, Катерина. Таа одлучува да се врати во родниот град, каде се соочува со смртта на мајката но и со некои прашања поврзани со нејзиниот идентитет.

Насловот на романот е германското име за делот на Осјек, познат како Долниот град. Во својот роман авторката ги опишува траумите и страдањата кои имаат болни рефлексии врз идентитетот на поединецот, посебно на поединецот со германско потекло. Шојат – Кучи својата приказна ја насочува кон паметењето на нештата а не кон заборавот на истите. Токму секавањето на слчученото е вистинскиот патоказ кон излезот од колективната амнезија и нејзиното разбивање како опасна за збунетиот поединец.

Ивана Шојат – Кучи е родена 1971 година. Автор е на три романи, три збирки раскази и четири поетски книги. Активно преведува од француски и англиски јазик. Романот  е објавен во 2009 година, а во 2010 тој ги доби перстижните хрватски книжевни награди:  Наградата за книжевност „Владимир Назор“, наградата „Ксавер Шандор Ѓалски“ за најдобар роман, наградата „Фран Галовиќ“ за најдобро прозно дело со роднокрајна тематика и наградата „Јосип и Иван Козарац“ за книга на годината.

Македонското издание на Унтерштад е на издавачката куќа „Зојдер“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top