| четврток, 6 декември 2018 |

Работници во шопинг центар нашле таен подземен премин – Не можеле да поверуваат каде води (фото)

Неколкумина вработени во еден трговски центар во англискиот град Лафборо откриле подземен тунел кој ги одвел до нешто што ретко кој би можел да го претпостави. Вратата на подот криела место од минатото кое осанало недопрено повеќе од 20 години.

Под шопинг центарот Карлиотн Колт тие пронашле подземен бар стар неколку децении.

Со оглед на тоа колку време никој не влегол во него, локалот бил со сосема добра состојба, а како што може да се види на фотографиите, сликите на ѕидовите, како и дел од масите, сепарињата и шанкот биле во добра состојба.

Барот „Железен човек“ бил затворен во 1993 година, а на муралите има витези и кралеви и кога ги откриле биле сосема сочувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top