| четврток, 6 декември 2018 |

Искрен кафеанџија: Признал дека „дере“ странци и оттогаш го има по весници

Сопственикот на еден бар од Ровињ, кој деновиве се наоѓа по медиумите поради сметка за две капучина што ги наплатил 72 куни (околу 10 евра), признал дека има еден ценовник за домашни, а друг за странски туристи.

Во разговорот за „Гласот на Истра“ рекол дека по тоа станал популарен на интернет и цел на невкусни коментари.

dijag_template_kaficnjemacka

– Не сум заслужил вакво медиумско внимание зашто никому не сум згрешил. Вистина е дека за странски туристи имам друга цена, но никој не прашува зошто. Значи, прво што сакам е да демантирам дека на домашен гостин сум му наплатил 72 куни за две капучина, сметката што се појави во медиумите му е наплатена на странски гостин – објаснува Дамир Химар, сопственик на барот.

Тој смета дека ова не е „дерење“ гости, зашто ценовникот си стои на секоја маса и секој има увид во него.

Причина, тврди тој, е тоа што се преселил на друга локација, ненадејно, со одлука на градоначалникот на Ровињ, и тоа пред да си замине од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top