Голем пожар избувна во Бар, Црна Гора, а се претпоставува дека го предизвикал полски планинар кој се изгубил, кога пробувал да сигнализира каде се наоѓа.
Пожарот зафатил голема површина на брдото над Шушањ, а огнот потпомогнат од силниот ветар се спуштил до оваа барска населба, пренесуваат локалните медиуми.
– Ме известија дека еден планинар од Полска кој се изгубил на брдото, во намера да сигнализира каде се наоѓа, запалил оган кој поради силниот ветар и сувата вегетација веднаш се проширил на голем дел од брдото. Ситуацијата е сериозна зашто поради силниот ветар огнот може да се прошири и до Сутоморе – изјави Велизер Чаѓеновиќ, началникот на барската служба за заштита за весникот „Вијести“.
Полјакот сè уште не е пронајден, велат за „Вијести“ од барската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.