| четврток, 6 декември 2018 |

Забрането за трезни: Отворен бар за трезнење на пијаници (Видео)

Мамурниот бар на Мет е нова туристичка атракција во Амстердам, бидејќи ова е првиот бар во кој е дозволен влез само на луѓе кои се доволно пијани да го поминат алкотестот, додека пак трезните немаат право да влезат. Идејата на Мет Слипс е да им понуди „безбедно“ место на тие кои сакаат со помалку мака да ја прежиевеат алкохолната забава која ја имале претходната вечер.

Мамурниот бар има тивка и пријатна атмосфера, спални кревети, се прикажуваат филмови, а на гостите им се нудат овошни шејкови за побрзо да се детоксицираат. За влез е потребна и резервација па треба добро да се испланира пијанството за потоа да се справите со мамурлакот кај Мет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top