„Некогаш и сега“ е изложба со едукативен карактер, во која се претставени десет теми од нашето секојдневие, во две паралели, од минатото и сегашноста. Избрани се најчесто употребуваните утилитарни современи предмети, и преку археолошките предмети е претставен нивниот развојот низ вековите. Тоа се чаши, бокали, чинии или светилки кои се појавиле и се користат од неолитот до денес, како и алатките за пишување, монетите, машките и женски тоалетни сетови, оружјето и детските играчки.
-Веруваме дека ваквото претставување на предметите со иста функција, на сликовит и интересен начин ќе и доловат на публиката како предметите од минатото се претвараат во предмети од денешницата, велат организаторите.
Плакатот за изложбата „Некогаш и сега“ е идејно решение добиено од детската работилницата која се одржа во рамки на манифестацијата „Недела на археологија 4“, во која учествуво земаа ученици од ликовната секција од основното училиште „11 Октомври“, од Скопје.
Изложбата ќе ја отвори в.д. директорот на Музејот, Горан Санев, а координатори на изложбата се Страхил Темов и Александра Чевреска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.