На репертоарот на Народен театар Охрид во петок (15 декември) повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“, комедија според Бранислав Нушиќ, в0 режија Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Почетокот на претставата е во 20 часот, а билетите се по цена од 200 денари.
Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.
Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред одигрување на претставата.
Билетарата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“: од вторник до петок од 10.00 до 20.00 часот, во сабота од 14.00 до 20.00 часот и во понеделник од 10.00 до 14.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.