| четврток, 6 декември 2018 |

На 15 декември повторна изведба на хит претставата „Аналфабет“ во Охридскиот театар

На репертоарот на Народен театар Охрид во петок (15 декември) повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“, комедија според Бранислав Нушиќ, в0 режија Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Почетокот на претставата е во 20 часот, а билетите се по цена од 200 денари.

Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред одигрување на претставата.

Билетарата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“: од вторник до петок од 10.00 до 20.00 часот, во сабота од 14.00 до 20.00 часот и во понеделник од 10.00 до 14.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top