| четврток, 6 декември 2018 |

„Стаклена менажерија“ премиерно во Охридски театар

Народниот театар од Охрид в недела, 3 јуни, премиерно ќе ја одигра претставата „Стаклена менажерија“, во режија на Софија Ристевска Петрушева. Режисерката Ристевска, која на македонската јавност и е позната по својот алтернативен режисерски ракопис, вели дека тоа е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува.

„Стаклена менажерија“, работена по текст на Тенеси Вилијамс, е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.

Во претставата улогите ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top