| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје мириса на крв и барут: Се краде оружје од продавниците, се убива и се опожаруваат автомобили на улиците

За само еден месец во два одвоени случаи украдени се повеќе од 70 парчиња оружје. Првиот грабеж се случи пред еден месец во скопската населба Капиштец, а вториот вчера во Градскиот трговски центар.

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во меѓу 7 и 9 декември 2017 година во Градскиот трговски центар – Скопје, непознати сторители извршиле тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали, при што одзеле: 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“ и девет ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и „Дијана класик“ (воздушна пушка), по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.

Како што дознава „Република“, и покрај тоа што ГТЦ е под постојан видеонадзор и има обезбедување на објектот 24 часа, 7 дена во неделата, под чудни околности никој не го забележал обивањето на продавницата за оружје.

Уште посимптоматично е тоа што ова е втора кражба на оружје. Првата се случи пред еден месец кога непознати лица провалија во продавницата на улицата „Васил Ѓоргов“ во трговскиот центар Капиштец и одземаа 50 парчиња оружје.

И двете продавници биле заштитени со заштитни решетки и специјални брави, видеонадзор, а во единот случај и ангажирано е обезбедување. И покрај тоа, сторителите ниту на првиот, ниту на вториот грабеж се уште не се откриени, а оружјето, кое по квантитет и квалитет може да наоружа една поголема чета, се наоѓа на скопските улици.

Секој ден по еден опожарен автомобил

Скоро и да нема ден, а во полицискиот билтен да не се појави случај на опожарен автомобил во Скопје. Последниот случај се случи денеска кога во трговскиот центар „Сити мол” во Скопје, на најгорниот паркинг, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес” со тетовски регистерски таблички, сопственост на М.А. (31) од Тетово.

Ден претходно, ист случај имаше и во скопската општина Аеродром, каде на паркинг беше поставен експлозив под возило кое експлодираше и ги вознемири граѓаните.

Експлодира бомба во Аеродром: Разнесен е автомобил зад Капитол мол

Ден претходно пак, беше опожарен автомобил во Општина Центар. Кој го изгаснаа слулајни минувачи.

Изгоре уште еден автомобил во центарот на Скопје – случајни минувачи го изгасиле

Во последните седум месеци, има десетици вакви случаи. Заедничко е тоа што скоро секогаш опожарените автомобиле се водат на име на бизнисмени или сопственици на помали компании.

Бројот на убиства и разбојништва расте од ден во ден

Во изминатите месеци беа ограбени неколку филијали на банки од разбојници, неколку казина и обложувалници. Имаше и двојно убиство во Кисела Вода, кога сопственик на менувачница застрела двајца разбојници кои го нападнале и сакале да го ограбат.

Престрелки и убиства има скоро секој ден, сеуште не е фатен убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев кој со 5 куршуми го застрела младиот скопјанец во пределот на вратот и главата. Денеска беше застрелан човек во Охрид.

Нема реакција ни за престрелка на улицата „Лазар Трповски“ во населбата Топанско Поле, каде беше убиен активист на СДСМ од Чаир.

 

Скопје се претвори во Див Запад: Криминал на улиците, граѓаните небезбедни, стравуваат за своите животи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top