Според пишувањата на италијанските медиуми, Јувентус веќе го договорил ангажманот на германскиот репрезентативец Емре Џан.
Договорот на Џан со Ливерпул истекува на крајот од сезонава, а раководството на италијанскиот состав не ја исклучува и опцијата тој тимот да го засили на лето со цел да се избегне плаќаер на било каква оштета.
Дел од медиумите од земјата пренесуваат и за преддоговор меѓу Џан и Јувентус во кој тој се согласува на петгодишна соработка со заработка од четири милиони евра по сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.