| четврток, 6 декември 2018 |

Засилување за италијанскиот шампион: Џан на лето како слободен играч преминува во Јувентус?

Според пишувањата на италијанските медиуми, Јувентус веќе го договорил ангажманот на германскиот репрезентативец Емре Џан.

Договорот на Џан со Ливерпул истекува на крајот од сезонава, а раководството на италијанскиот состав не ја исклучува и опцијата тој тимот да го засили на лето со цел да се избегне плаќаер на било каква оштета.

Дел од медиумите од земјата пренесуваат и за преддоговор меѓу Џан и Јувентус во кој тој се согласува на петгодишна соработка со заработка од четири милиони евра по сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top