Заловено е кучето кое ги нападна и искаса 36-годишната З.Р. и нејзиниот 6 годишен син вчера околу 14 часот и 30 минути на улицата „Перо Наков“ во Скопје. Случајот во полицијата го пријавил сопругот и татко, 43-годишниот Р.А.
Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека мајката бил искасана во левата нога со нанесени гризнатини и крварење. Со Итна помош биле однесени на Инфективно.
Според очевидци се работи за куче скитник, а по пријавата на случајот полицијата ја известила шинтерската служба на Град Скопје која излегла на терен и го заловила кучето кое е пренесено во „Вардариште“.
За овој случај Анима Мунди молчи, додека за претходниот случај го обвини сопственикот на расното куче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.