| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакал ни гроб, ни погреб: Телото на Праљак во најголема тајност стигнало во Загреб, а еве дали му е исполнета последната желба!

Во четвртокот во тајност во крематориумот на загребските гробишта Мирогој, испратено е телото на Слободан Праљак, кој се самоуби со пиење на отров во хашката судница.

На испраќањето биле присутни членовите на најблиското семејство и неколку блиски пријатели.

Неговото тело после обдукцијата, на која е утврдено дека се убил со цијанид префрлено е од Хаг во голема тајност, баш како што се претпоставуваше.

Известувањето на погреб на Праљак не е ствено на веб страницата на градските гробишта.

Праљак пред две години напишал проштално писмо во кое ја навел својата последна желба.

-Не сакам ни гроб, ни погреб, а мојата пепел расфрлете ја по Мирогој – стоело во писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top