| четврток, 6 декември 2018 |

Телото на Праљак тајно ќе се пренесува во Хрватска

Пет дена по самоубиството на Слободан Праљак во Хаг и понатаму не е познато кога неговото тело ќе биде вратено во Хрватска, пишува „Индекс.хр“.

Холандското обвинителство во петокот ги објави првичните резултати од обдукцијата и соопшти дека во телото на Праљак бил пронајден цијанид. Но сè уште не е познато кога неговото тело ќе биде вратено во Хрватска, односно дали мора да остане во Холандија до крајот на истрагата.

ХРТ истакнува дека телото евентуално за почеток би можело да биде вратено во болницата во која Праљак починал. Од холандскиот Институт за физика, каде што е извршена обдукцијата, велат дека немаат овластување да даваат информации за случајот.

„Знаеме дека Праљак изразил желба неговиот погреб да биде интимен. Едно од можните сценарија е неговото тело да биде пренесено во Хрватска во тајност. Станува збор за шпекулација, но хрватската амбасада веќе два дена не дава нови информации“, јавил репортерот на ХТВ од Хаг.

Медиумите објавија дека постои писмо во кое Праљак уште пред неколку години барал во случај на негова изненадна смрт да не биде организиран погреб.

„Не сакам ниту гроб ниту погреб, а пепелта расфрлете ја по Мирогој (градски гробишта во Загреб)“, напишал Праљак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top