| четврток, 6 декември 2018 |

Го нудел својот рецепт за смрт: Праљак му давал отров на Младиќ за да се спаси од Хаг

Иако во војната во Босна и Херцеговина биле на спротивни страни, Слободан Праљак и Ратко Младиќ во Хашкиот трибунал биле во добри односи.

Како што пишува српскиот весник „Ало“, хрватскиот генерал му предложил на Младиќ да му набави отров за да се спаси од хашките зандани доколку биде осуден на доживотна робија.

Младиќ тоа го одбил, иако навистина беше осуден на доживотен затров. Тоа што не му успеало кај Младиќ, Праљак неколку месеци подоцна го употреби на себе кога при изрекувањето на пресудата испи шишенце со цијанид и набрзо почина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top