| четврток, 6 декември 2018 |

Прошталното писмо на Праљак: Ова се трите последни желби на воениот злосторник кој се уби во Хаг!

Воениот злосторник Слободан Праљак, кој во судницата на Хашкиот трибунал испи отров и на тој начин изврши самоубиство, зад себе оставил и проштално писмо.

Како што дознава „Вечерњи лист“, во домот на неговото семејство во Загреб, пронајдено е проштално писмо во кое ги навел своите последни три желби. Писмото било запечатено со напомена да се отвори во случај на негова смрт, а напишано е пред две години.

-Не сакам ни гроб, ни погреб, а мојата пепел растурете ја по Мирогој – напишал во писмото.

Поранешниот начелник на главното седиште на ХВО, генерал Слободан Праљак, во хашката судница, откако му беше потврдена пресудата за казна затвор од 20 години, испи отров со зборовите: Слободан Праљак не е злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top