Пејачката Лепа Брена и поранешниот тенисер Боба Живоиновиќ прославија 26 години брак. Од љубовта која трае повеќе од две децении ги имаат синовите Виктор и Стефан, додека Боба од претходниот брак го има наследникот Филип, кој Брена го прифатила како свој.
Брена вели дека успешниот брак е подготвеност на компромиси.
-Ако не правите компромиси, не може ниту работата, а ниту и бракот да бидат успешни. Кога се сретнуваат една светска и една балканска кариера, најважно е да се ускладат семејните и професионалните обврски, а притоа да не се изгубите себеси. Тоа е мудрост. Со годините станувате помудри и потолерантни. Сите ние сме имале моменти на пукање кои се предизвикани од се, само не од убав живот -признава пејчаката со раскошен глас, која пред бракот со Боба се забавувала 4 години.
На прашањето дали е подготвена да прости неверство на сопругот, таа вели:
-Секогаш сум зборувала дека сексот денеска е толку девалвирачка приказна и стока која се продава евтино. Така што за мене не е неверство сексот, туку е неверство кога некој ќе те предаде како човек и кога некој ќе го предаде семејството – рекла Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.