| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на новата прозна книга „Емигрантка“ од Ирена Павлова Де Одорико

Деновиве, од печат, излезе најновата прозна книга на Ирена Павлова Де Одорико, во издание на ’’Феникс“ од Скопје. Промоцијата на книгата „ЕМИГРАНТКА“ ќе се орджи на 8. декември, на Мала сцена при Кoнресниот центар ,,Александар Македонски”- Скопје, во копродукција со независниот Театар 007.  Станува збор за психобиорафски профил на е(мигрантството), од фаза на ембрион, па сѐ до конкретно подвижување на единката, од другата страна на границата.
За романот ќе говорат Милован Стефановски, Ѕвездан Георгиевски и Ѓорги Митровски.
Куриозитет во рамките на оваа книга е што таа изгледа како пасош, како нејзината насловна страница, така и однатре, со илустрации од самата авторка.
Ирена Павлова Де Одорико е родена во Велес. Поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, преведувачка и есеистка.
Авторка е на книгите „Велзевул’’, „Номад”, „Новата Ева”, „Деколте длабоко”, „Потстанарка”, „Од другата страна на животот”, „Новиот човек”, „Антологија на заборавените македонски поетеси”, „Пенелопа.нет”, „Пенелопа во Венеција’’, објавена во 2016 година.
Во 2001-та година влегува меѓу десетте европски финалисти за наградата „Рома-Тиволи-Европа, и истата година учествува на Светскиот поетски фестивал ’’Венециското биенале’’, од каде е селектирана и во светската поетска антологија под наслов ’’Специјална едиција на Венециското биенале’’.
Нејзините песни се застапени во многу наши и светски антологии. Преведувана е на повеќе странски јазици. Добитник е на неколку наши и странски награди за литература.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top