Екипата на Вардар вечерва на Арената „Филип Втори“ против Розенборг ќе го одигра последниот натпревар од своето прво учество во фудбалската Лига на Европа. Вардар во претходните пет кола запиша исто толку порази, па се надева дека на средбата со норвешкиот претставник ќе успеа да дојде барем до првиот бод.
И за Розенборг овој дуел ќе биде последен на евро-сцената оваа сезона, но и двете екипи најавуваат атак на трите бода, без оглед што средбата нема резултатско значење од аспект пласман во следната фаза.
Вардар ќе настапи без Ховханес Хамбарџумјан кој што има акумулирано жолти картони, а Владица Брдаровски одамна не е во комбинација поради повреда. Тренерот Чедомир Јаневски најави извесни „рокади“ во составот.
Почетокот на натпреварот е во 21 часот и 5 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија