| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозен случај во Хрватска: Свештеник праќал непристојни фотографии и ги повикувал верничките на секс

Свештеник од околината на Бјеловар, Хрватска се нашол во центарот на афера откако локалниот весник објавил дека тој на повеќе вернички кои ја посетувале цркавата каде работел, им испраќал непристојни фотографии и ги повикувал на секс.

Според наводите на весникот „Бјеловарац“, тој на неколку вернички им испратил и фотографии од својот пенис како и вулгарни СМС пораки од кои дел и биде објавени во целост:

– Ти одлучи кога ќе дојдеш. Што е до мене, јас можам до сабајле. Која ти е омилена поза?

– Цел град знае каква си, а јас сепак те прифатив. Сега ми треба услуга од тебе, биле само дел од пораките кои свештеникот ги испраќал до жените.

Инаку тој и додека бил во претходната парохија ги вознемирувал дел од верничките, а имало и ситуации во кои доаѓал до отворени расправии со нивните сопрузи. Верниците очекуваат реакција од Бјеловарско-крижевачката бискупија која треба да реагира на овој скандал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top