| четврток, 6 декември 2018 |

И Ракчевиќ си оди од Металург

На прагот на разделба со Металург е и црногорскиот репрезентативец Младен Ракчевиќ, а најава за такво нешто доаѓа од мини-интервјуто на пикерот на тимот од Автокоманда, со специјализираниот портал за ракомет „Балкан Хендбол“.

Се слушнав со луѓето од клубот, со претседателот и со директорот, кои ми ја потврдија информацијата дека повеќе не сум пожелен во Металург. Навистина сум изненаден од ваквата одлука на клубот, односно на Лино Червар, бидејќи ми е речено дека токму Хрватот е иницијатор на таа одлука. Луѓето од клубот се одградуваат од целата ситуација, знаат дека неодамна потпишав нов договор, што е крајно контрадикторно бидејќи истиот тој Лино Червар пред два месеци ја форсираше управата да потпише нов договор со мене. Јас сум чист пред Бога и пред моите соиграчи, максимално чесно и коректно ги одработев последните три години во Металург. Останува само уште да одам во Скопје на разговор со газдата Минчо Јорданов, по што ќе се знае како ќе се разделам од Металург“ – вели Ракчевиќ за „Балкан хендбол“.

 Металург направи вистионска чистка, а веќе се заминати интернационалците Коражија, Батиновиќ, си оди и Козлина, а веријатно и македонскиот репрезентативец Јоновски.

Во следните неколку дена, веројатно и официјално, раководството на РК Металург ќе објави кој се си заминува од редовите на четвртфиналистот во Лигата на шампионите и актуелен вицешампион на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top