Во Музејот на Македонската борба во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“, вечерва ќе одржи концерт Марјан Јанкоски и „Портал“.
Ова е всушност концертна промоција на најновото Це-Де насловено „Рожба“ и ќе почне во 20 часот.
Содржи 11 композиции, од кои три се народни, а за осум Јанкоски е автор на музиката. Една од нив, насловена „Мило чедо“, Јанкоски му ја посветил на Тоше Проески.
– Сакавме да му се оддолжиме на Тоше за се што направи. „Мило чедо“ е авторско дело за мојот пријател и соработник, рече Јанкоски на прес-конференција со која беше најавена годинашната манифестација Есенски музички свечености.
Јанкоски е основач на групата „Портал“ во 2002 година и е вокал и изведувач на гајда и кавал. Во составот членуваат и: Сашко Петров (тамбура), Ангеле Михајловски (пијано), Иле Колев (кларинет), Елена Ѓоргиевска (вокал и виолина), Златко Панов (виола) и Стојанче Наумовски (виолончело).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.