| четврток, 6 декември 2018 |

Со два гола за 4 минути: Рома го доби вечното дерби против Лацио

Римското градско дерби кое се одигра денеска од 16 часот и припадна на екипата на Рома која го победи Лацио со 2-1. Трите гола беа постигнати во второто полувреме, а Лацио во завршницата не успеа да стигне до посакуваното израмнување.

Пероти од пенал го отвори резултатот во 49. минута, а само четири минути подоцна Наинголан го зголеми водството и му нанесе тежок удар на Лацио. „Бјанкоцелестите“ делумно се вратија во игра за позитивен резултат откако добија пенал кој го реализираше Имобиле во 72. минута, но до крајот не успеаја да стигнат до втор гол.

Овој пораз значеше крај на долгата победничка серија на Лацио кој остана на 28 бодови, додека Рома со петтата победа во серија има 30 бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top