| четврток, 6 декември 2018 |

„Баскерфест 2013“ ќе има и во Велес

Уличниот фестивал „Баскерфест“ ќе се одржи и во Велес, на 20 и 21 јуни (четврток и петок) во периодот од 19 – 24 часот во Младинскиот парк

baskerfest veles

Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда. „Баскерфест“ ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима, улични танчари, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.

Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневно искуство. „Баскерфест“ е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат. Присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители! Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а благодарение на „Баскерфест”, на оваа листа се вклучува и Македонија со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот.

Фестивалот и оваа година се одвива во организација на „One Way“, а под покровителство на Општина Велес. „Баскерфест“ е подготвен за нови уживања во спектакуларната комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top