Прегазен пешак на велешките улици, возачот избегал. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 15,10 во Велес на крстосницата од улицата „АСНОМ“ и улицата „Алексо Демниевски“ патничко моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, удрило во пешакот Ц.Ќ.(77) од Велес. На Ц.Ќ. и е укажана помош во Јавната здравствена установа во Велес, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.