Во новинска агенција „Журнал“, една жена косовска албанка, која живее во скандинавските земји, пријави шокантен случај. Станува збор за скандал во кој актуелниот амбасадор на Македонија во Данска, Наим Мемети ја злоупотребува функцијата, вршејќи насилство, закани и уцени врз жители на државата каде што тој ја извршува функцијата амбасадор.
Овој пријавен случај покажува како амбасадор на Република Македонија ја врши својата функција и ја претставуваат нашата земја во странство, наместо да ги врши своите дипломатски обврски, да се труди да ја покаже државата во најдобро светло и да го подобрува имиџот на државата, тој ја злоупотребува својата функција со примена на насилство, закани и уценувајќи ги жените во државата каде што ја извршува функцијата амбасадор.
Новинската агенција „Журнал“, направи ексклузивното интервју со жената која го пријавила случајот, но во моментов сака да остане анонимна поради безбедносни причини. Таа во ексклузивното интервју за „Журнал“, кое ќе се објави наскоро, сака да го предупреди Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов по објавувањето на целосното интервју да преземат итни мерки, за да го расветлат целосно случајот, како и да преземат мерки против актуелниот амбасадор на Македонија, г-дин Наим Мемети.
Новинската агенција за ова прашање се обиде да го контактира амбасадорот од Македонија во Данска, г-динот Наим Мемети, но тој е недостапен за да даде објаснување за овој случај. „Журнал“ информира дека во наредните денови ќе го објави ексклузивното интервју со шокантни сведоштва од жената која го пријави случајот.
Инаку, овластениот амбасадор на Македонија во Кралството Данска, е Наим Мемети правник од Тетово, кој долго време работел во Владата на Република Македонија, а доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Баздникин: Факт е дека референдумот во Македонија е неважечки(видео)
-
Запален автомобилот на албанскиот конзул во Солун
-
Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец објави поетска книга на македонски јазик