Унгарската амбасада во Република Македонија и Книгоиздателството „Матица македонска“,на 15 ноември (среда) во 19 часот, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје ќе ги промовираат книгите „Ако животот е сон“ од Јанош Арањ (објавена по повод 200-годишнината од раѓањето на авторот) и „Десет унгарски поети на дваесеттиот век“ во избор и препев на Паскал Гилевски.
На свеченоста поздравна реч ќе има Ласло Дукс, амбасадор на Унгарија во Македонија, а книгите ќе ги промовира писателот Раде Силјан.
Стихови на унгарски и на македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.