Само 10.256 луѓе во Македонија во јули годинава добиле нето плата поголема од илјада евра. Според податоците од УЈП, што ги доби Телевизија 24, од илјада до две илјади евра добиле 8.128 вработени, од 2 до 5 илјади евра добиле 1.522 вработени, од 5 до 10 илјади евра земале 221 вработени, а плати од 10 до 14,6 илјади евра биле исплатени на 50 вработени. Додека нето плата поголема од 14,6 илјади евра биле исплатени на 104 лица. Еден вработен добил и сума од 210 илјади евра.
Плата поголема од илјада евра
· Од 1.000 до 2.000 евра – 8.128 вработени
· Од 2.000 до 5.000 евра – 1.522 вработени
· Од 5.000 до 10.000 евра – 221 вработени
· Од 10.000 до 14.500 евра – 50 вработени
· Над 14.500 евра – 104 вработени
– 210.000 евра – 1 вработен
извор: УЈП
„За разлика од оние чија плата се брои во илјади евра, најголемиот дел од вработените во земјава, пак во јули годинава добиле плата што е помала од просечната, која изнесува околу 370 евра.“
Во јули годинава имало 543.148 вработени со полно и скратено работно време. Од нив, дури 342.991 во јули годинава добиле нето плата до 20 илјади денари. Плата од 20 до 25 илјади денари добиле 81.664 од вработените.
До 20.000 денари 342.991 вработени
Од 20.000 до 25.000 денари 81.664 вработени
извор: УЈП
Граѓаните велат едвај врзуваат крај со крај, бидејќи тешко се живее со плата која е помала од и од просечната.
„Просечна, 13 илјади“,
„Цените растат, платите си остануваат на исто ниво. На пример, имам комшии што се во државна институција кои имаат плата п о12 илјади“,
„Платите се енормно мали за овој стандард и за овие цени“, велат анкетирани граѓани.
Плата која е поголема од 25 илјади денари, но не надминува 60 илјади денари пак добиле 98 илјади од вработените во јули годинава.
Од 25.000 до 60.000 денари 98.078 вработени
извор: УЈП
Сега откако минималната плата се зголеми на 12.000 денари, дел од стопанствениците велат дека тешко ќе оди и на останатите вработени да им се зголемат платите, но дека тоа сепак бизнисот ќе мора да најде сили да го направи.
„Поради одговорност и задржување на работници во Македонија и не иселување на граѓани мораме да направиме консензус и да сфатиме и да земем одговорност и дека ќе мораме да ги зголемиме“, вели Миле Бошков
„Ако било возможно да се подигне минималната плата на 12 илјади денари во тие дејности сами би ја подигнале работодавачите“, вели Данела Арсовска
Плата во јули пак не земале 10.357 вработени иако пресметките биле направени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.