Проектот „Сестра“, долгометражен игран филм во режија на Дина Дума, доби финансиска поддршка од Меѓународната филмска мрежа на Југоисточна Европа (SEE Cinema Network).
Проектот е поднесен од продуцентската куќа „Лист Продукција“ и бил едногласно изгласан со највисоки оценки од претставници на земјите членки во оваа мрежа.
– Одлуката е донесена на 28. Генерално собрание на Меѓународната филмска мрежа на Југоисточна Европа SEE Cinema Network, на кое беа разгледувани пријавените филмски проекти кои оваа година аплицираа за финансиска поддршка за развој на долгометражен игран филм и поддршка за краткометражни филмови – соопшти Агенцијата за филм на Република Македонија.
Претставници од земјите членки на SEE Cinema Network од Албанија, Кипар, Грција, Романија и Србија, меѓу кои и в.д. директорот на Агенцијата за филм на РМ Горјан Тозија, вчера и денеска присуствуваа на состанокот во Солун.
Агенцијата информира дека на состанокот, меѓу другото, било одлучено да им се одобри барањето за членство во SEE Cinema Network на Филмскиот центар од Црна Гора и на Центарот за кинематографија од Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.