| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ се отвора вечерва со канскиот победник „Квадратот“

Фестивалот ќе заврши на 19 ноември со македонската премиера на играниот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски и со соопштување на наградите од натпреварувачките програми (и годинава селектирани од Бернд Будер). Од наредниот ден, 20 ноември, фестивалот ќе продолжи со десетдневен филмски маратон во Џебното кино на МКЦ со проекции во десет различни тематски целини

Вечерва во скопското кино „Милениум“ во 20 часот почнува 16. Меѓунарден фестивал на европски филм „Синедејс“ кој ќе трае до 19 ноември. Фестивалот со отвора со добитинкот на „Златна палма“ во Кан за 2017 година шведската сатирична комедија „Квадратот“.

По проекцијата на „Квадратот“ на фестивалот ќе се прикаже новиот филм на Дарен Аронофски, „Мајка!“.

Во киното „Фросина“, во 21 часот, е закажана проекцијата на документарецот за Џон Колтрејн, „Бркајќи го Трен“ , а во 22.30 часот, во Младински културен центар (МКЦ) музика ќе пушта Бојан Чакра.

Во десетте натпреварувачки дена ќе бидат прикажани 135 долгометражни филма во неколку конкуренции.

– Од 9 до 19 ноември 2017 во организација на Младинскиот културен центар со ‘Скопска линија, европска ‘вожња’ ќе ве шетаме низ веќе познати програмски целини: Официјална селекција, Синебалкан, Гала програма, Музички документарци, шведски филмови, мк-Кратки филмови, Синедејс+, Студентска програма, Детска програма и богата придружна програма од работилници и музички настани. Ќе ви ги прикажеме наградените филмови на фестивалите во Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин, Ротердам – најавува организаторот.

Фестивалот ќе заврши на 19 ноември со македонската премиера на играниот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски и со соопштување на наградите од натпреварувачките програми (и годинава селектирани од Бернд Будер). Од наредниот ден, 20 ноември, фестивалот ќе продолжи со десетдневен филмски маратон во Џебното кино на МКЦ со проекции во десет различни тематски целини.

За издвојување е премиерата на филмот „Пченица” на култниот турски режисер Семи Капланоглу, кој воедно ќе биде и почесен гостин на фестивалот за премиерата, но и Претседател на жирито во Официјалната селекција.

– Годинава ’Синедејс 2017’ сериозно придонесува кон развојот на европскиот филм во домашни и светски рамки, со што се одвојува специјален фонд за награди од 300.000 денари за Најдобриот филм во Официјалната селекција и 300.000 денари за Најдобриот филм во селекцијата СинеБалкан – додава организаторот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top