| четврток, 6 декември 2018 |

На годинешното издание на „Синедејс“ ќе видиме некои од главните кандидати за европските Оскари

Објавени се кандидатите за овогодишните европски Оскари. Пред да бидат прогласени најдобрите во Европа, скопската публика ќе има можност да погледне некои од нив:

Во конкуренција за најдобар филм е „Без љубов“на Андреј Звјагинцев, „ Другата страна на надежта“на Аки Каурисмаки, победникот на Канскиот филмски фестивал „Квадратот“.
За најдобра режија покрај Аки Каурисмаки и Андреј Звјагинцев номинирани се и Јоргос Лантимос за „Убиство на светиот елен“и Рубен Остлунд за „Квадратот“.
За најдобри актери конкурираат Клес Банг („Квадратот“), Колин Фарел („Убиство на светиот елен“), како и Жан-Луј Трентињан и Изабел Ипер („Среќен крај“).
Ова е само почеток. Сиендејс 2017 допрва почнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top