| четврток, 6 декември 2018 |

„Илинденски лидери“-нова книга на Стефан Влахов Мицов

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје,излезе од печат книгата „Илинденски лидери“ од проф.д-р Стефан Влахов Мицов.

На над петстотини страници,авторот го анализира феноменот на лидерството како национален и историски феномен, а посебен акцент става на македонските лидери во контекст на балканската психа и историја,како и на македонскиот национален дух и Илинден.

Исто така,во монографијата Стефан Влахов-Мицов прави споредба меѓу различни македонски и илинденски лидери како Гоце Делчев, Борис Сарафов, Питу Гули, Гемиџиите, Јане Сандански и др. и нивните претходници Ѓорѓија Пулевски, Димитар Поп Георгиев Беровски, дедо Иљо Малешевски како специфични модели од македонската матрица.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top