| четврток, 6 декември 2018 |

Ги остави жените во солзи-Џорџ Клуни се откажува од актерството!

Џорџ Клуни не снимил филм повеќе од една година, а изгледа дека тоа не му пречи. Актерот дури и не сака да ја продолжи својата филмска кариера, туку обратно.

За Сандеј тајмс, Клуни открива дека веќе има доволно пари и филмот не е приоритет.

-На 56 години повеќе не сум маж околу кој се собираат девојки, а и не ми требаат. Актерот беше средство со кое се плаќа наемот, но јас ја продадов мојата компанија за текила за една милијарда долари. Не ми требаат пари. Имам пари. И можам само да снимам продукции што навистина ги сакам –, коментира ѕвездата која сега е татко на близнаци.

Како цивил, Џорџ не пропушта шанса да ја коментира политичката ситуација во Америка и за можноста да влезе во политиката.

-Откако Трамп дојде на власт, многу луѓе ме притискаат да влезам поактивно во политиката и поконкретно во Белата куќа.Немам политички амбиции. Јас целиот мој живот сум вклучен во политиката, татко ми раководеше со Конгресот. Мислам дека можам да помогнам и на други начини преку комуникација со гласачите -, рече актерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top