| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ Клуни проговоре за близнаците кои ги очекуваат: Ќе биде авантура

kluni

Џорџ и Амал Клуни ќе станат родители на близначиња. Во една француска емисија, Клуни (55) за првпат зборуваше за својата идна голема улога како татко.

Холивудскиот шармер изјави дека тој и неговата сопруга Амал се многу возбудени што ќе добијат две деца.

– Ние сме многу среќни и возбудени. Ќе биде авантура. Го прифативме тоа со широко отворени рацевели славниот актер.

Клуни признава дека омилениот дел му бил кога неговите пријатели дознале за среќната вест.

– Седевме на маса осум мажи, на кои сите деца веќе им се на факултет, и сите ме поддржуваа, велејќи ми: „Одлично е, ќе го обожаваш“. Одеднаш се стишија и започнаа да имитираат бебешки плач и сите на масата започнаа гласно да се смеат, додава Џорџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top